Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

Објавено February 28, 2026 20:59
Сподели
Сподели

Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование и за правда, Рената Дескоска денеска се осврна на актуелната дебата околу актуелниот Предлог-закон за високо образование, изразувајќи сомнеж во искреноста и намерата на одредени одредби новото законско решение.

Дескоска, која беше министерка за образование од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018, и во чие време беше донесен актуелниот Законот за високо образование, ги оценува како несоновани тврдењата дека токму овој Закон е виновен што ниту еден универзитет од земјава не е меѓу првите 1 000 универзитети на Шангајската листа, бидејќи не пропишал нужен услов за избор во звање да биде објавување во списанија кои се индексирани во Web od Science.

Според универзитетската професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, досега сите што ги носеле законските решенија, како министри во ресорот, се обидувале на различни начини да ја реализираат желбата за подобро рангирање на универзитетите во Македонија. Но, како што посочува, не се сите имале идентичен пристап. Некои го користеле методот на принуда и казнување, а други на стимули и награди.

„Тоа се два сосема спротивни пристапи кои всушност го отсликуваат и методот на владеење и идеолошкиот пристап генерално“,

вели Дескоска во подолгата објава на својот профил на Фејсбук, која неформално е насловена „ЗВО – ‘Шангајска’ или ‘Шиндлерова’ листа“.
Според неа, Законот за високо образование кој е сега важечки го применува методот на стимулирање на објавување во престижни списанија и предвидува два вида на финансиска компензација за тоа, односно. Министерството за образование и наука, вели таа, ги надоместува трошоците за објавување трудови во индексирани списанија и доделува парична награда за тоа.

„И тоа се стимулативни мерки. ‘Законот на Нино Тодоров’ (министер за образование во владата на Никола Груевски н.з.) и „Законот на Весна Јаневска“ (актуелната ресорна министерка н.з.) преку принципот на принуда и притисок се обидуваат да го зголемат бројот на објавени трудови во индексирани списанија, предвидувајќи го како неопходен услов за напредување и избор во звање“,вели Дескоска.

Во таа насока, таа како небулоза го оценува тоа што во предлогот законот за кој сега се дебатира, за избор во повисоки звања се предвидуваат тешко, а во некои области и неостварливи услови, кои, според неа не зависат од кандидатите.

Како пример, таа го наведува тоа што од кандидатите за повисоки звања се бара да имаат одредена висина на h-индекс, кој се определув според тоа колку од нивните трудови се цитирани.

„Значи, се пропишува услов кој не зависи од кандидатот, туку од тоа колку ќе Ве цитираат. Ако се бара исполнување услови, треба тоа да се услови кои лицето кое конкурира може самостојно да ги исполни, а не исполнувањето на условите да зависи од дејствија на други лица“,наведува Дескоска.

Според неа, иако достижни, условите кои се пропишани во Законот за високото образование од 2018 година, се покажало дека на некои факултети одредени лица не можат да ги исполнат, но сепак по нив биле вршени изборите за повисоки звања.

Оттука, вели таа, произлегува најлесното правило за однесување во Македонија – полесно е да го смените законот, отколку да го спроведете.

Сега, вели Дескоска, ќе се покачат условите за избор, па за оние на кои власта им е благонаклонета, ќе се замижи ако не ги исполнуваат условите, а на другите „ќе им се покаже вратата“.

Во тој контекст, нејзините сомнежи се дека нереалните услови за избор во звања што, според неа, се содржани во предлог законот за високо образование, се намерно направени за да се одвлече вниманието од други одредби „кои всушност се вистинската цел на измена на законот.

„Тоа е како уставните измени кои беа предложени во 2014 година, кога јавноста ‘трчаше’ по предлогот за уставна дефиниција на бракот, а всушност главната измена која беше планирана беше Македонија да стане слободна финансиска зона или како што многумина оценија тогаш ‘пералница на пари’“,наведува таа.

Таа се сомнева дека новите решенија што се предлагаат водат кон непотизам – вработување на децата на „докторските“ и „првничките“ фамилии, преземање кадар од еден на друг универзитет и продолжување на мандатите на ректорите и деканите, со можноста да бидат избрани повеќе од два пати.

Универзитетската професорка смета и дека новото законско решение, содржи одредби за централизација на универзитетите и упад во нивната автономија.

Она што според Дескоска е најсимптоматично е што министерката за образование, Весна Јаневска не го обзнанува тимот што го пишувал законот.

„Тоа може да значи неколку работи: или нема тим, туку партиски извршители кои треба да ја спроведат агендата со лични/партиски интереси, или ‘тимот’ и подметнал ‘кукавичјо јајце’ и ја остава нејзе сама да се компромитира и да го брани она што е неодбранливо“,вели Дескоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина хирургот и професор Владо Јаневски, сопругот на министерката Весна Јаневска
Следна Статија Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените

По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возот 411 повторно на шините: Ново поглавје за железничкиот сообраќај

По подолго време, патничкиот воз 411 101-102 повторно е во функција, носејќи надеж за подобрување на железничкиот транспорт, информираат од…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија, сметаат граѓаните, покажува најновата анкета на ИПИС. На прашањето:…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?