Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деспотовски од СДСМ до СДСМ: Ако не ми се извините, ќе ве тужам!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Деспотовски од СДСМ до СДСМ: Ако не ми се извините, ќе ве тужам!
ПОЛИТИКА

Деспотовски од СДСМ до СДСМ: Ако не ми се извините, ќе ве тужам!

Објавено January 22, 2026 12:39
Сподели
Сподели

Јован Деспотовски кој веќе подолго време е во конфликт со раководството на неговата партија СДСМ, повторно се огласи на социјалните мрежи.

Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ, пишува тој.

„Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв.

Никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата. Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните.

Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници.

Отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.

Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ.

Никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали“, порача тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Амазон доби одобрение за изградба на огромен малопродажен простор во Орланд Парк
Следна Статија Судијата го одобри продажбата на имотите на Genesis HealthCare на понудувачот 101 West Street

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви…

March 15, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани се богателе од ископот на јаглен во РЕК Битола

Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен. Имено, на 03.10.2023 година,…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Трајанов: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме во Парламентот

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со…

May 30, 2025
ПОЛИТИКА

Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово

Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?