Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички

Објавено March 15, 2026 15:47
Сподели
Сподели

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

„Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Обележјата на СДС и промотивниот материјал може да го видите и вие на фотографиите зад мене. Ова е само доказ дека синдикалците не се организирале сами, дека на синдикалците им помагале локалните штабови на СДС. И тоа им помагале во целата организација на вчерашниот протест. Им помагале лица на СДС од Куманово, Тетово, Струмица и слично“ порача Петрушевски.

Вели „настанот вчера беше само доказ дека има равенство помеѓу ССМ и СДС, односно дека ССМ и СДС се едно исто. Во конкретниов случај ССМ и СДС ги злоупотребуваат работниците и нивните права само да бидат видливи на општествената сцена. Да нема забуни, ВМРО-ДПМНЕ постојано стои зад работниците и нивните права“.

„ВМРО-ДПМНЕ прави се што може за да се подобри стандардот на секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕ го почитува правото на работниците да протестираат и да ги бараат своите работнички права, меѓу кои и повисока плата. Но, ова што се случува не е протест на работници, не е протест за работнички права. Ова е игра на ССМ и СДС да бидат видливи како фактор на пошироката општествена сцена, игра посебно на СДС која како партија сигурно се движи кон пропаст“ порача пратеникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва во Битола се игра македонското „Ел Класико“
Следна Статија Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди: Сите знаат дека ДУИ оди во историја

ДУИ знае дека Албанците веќе не им веруваат. Тие го чувствуваат својот крај и се обидуваат да шират страв и…

March 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниска говорница денеска покажа документи поврзани со партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Мицоски тврди…

April 3, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?