Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален
ПОЛИТИКА

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Објавено August 23, 2025 16:28
Сподели
Сподели

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално.

Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.

На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.

Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.

„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.

На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ,  Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Владата финансираше околу 1200 проекти во различни области во сите општини низ цела Македонија
Следна Статија „Храброста на нашите колеги е пример за идните генерации“, порачаа од ЕБР на Денот на Единицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога (ФОТО)

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?