Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Беџети кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра била политички монтирана хајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За Беџети кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра била политички монтирана хајка
ПОЛИТИКА

За Беџети кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра била политички монтирана хајка

Објавено November 14, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска одржа прес-конференција во Собранието, нагласувајќи дека кривичната пријава поднесена против него и уште неколку лица е „политички монтирана и правно неоснована“.

Пријавата, поднесена вчера од Управата за финансиска полиција, го товари Беџети за проневера на 108 милиони денари (околу 1,7 милиони евра) преку наводна измислена урбанизација, лажна дозвола за градба и „технички преглед“ на нелегално изграден објект во Глумово.

Беџети тврди дека пријавата е дел од организирана хајка, режирана директно од премиерот Христијан Мицкоски, со јасна цел: да се изврши притисок врз него како пратеник за да се зголеми парламентарното мнозинство.

„Денеска јавно порачувам дека ниту јас, ниту кој било друг од пратениците на ДУИ не се плаши и нема да попушти пред притисоците на власта. Кривичната пријава поднесена од страна на Финансиската полиција е целосно неоснована“, порача Беџети.

Пратеникот најави дека против директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште две лица, ќе поднесе соодветна пријава, обвинувајќи ги дека учествувале како „организирана банда во оваа политичка хајка“.

Беџети ги отфрли обвинувањата на Финансиската полиција дека дозволата за градба била издадена без Детален урбанистички план (ДУП). Тој рече дека ДУП-от бил донесен кога тој бил градоначалник, а министер и градоначалник на Скопје биле од ВМРО-ДПМНЕ.

„Постои Детален урбанистички план. Законот за градење дозволува издавање на одобрение врз основа на важечки план или урбанистички проект. Токму така и било постапено, не постои материјална штета, ниту еден денар загуба за општината“, нагласи Беџети, додавајќи дека станува збор за „измислица за да се прави медиумски спектакл“.

Беџети заклучи со порака до власта: „Никој од пратениците на ДУИ нема да потклекне на вашите притисоци и да премине во ВЛЕН, а најмалку јас“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори
Следна Статија Трајановски е предложен за потпретседател на СДСМ оти заедно со Филипче летуваше на јахтата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во…

February 27, 2026
ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска…

May 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?