Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за убиството во Дојран: Пиеле, се скарале па со шипка го тепал половина час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за убиството во Дојран: Пиеле, се скарале па со шипка го тепал половина час
ХРОНИКА

Детали за убиството во Дојран: Пиеле, се скарале па со шипка го тепал половина час

Објавено November 4, 2025 11:47
Сподели
Сподели

Седеле на скали, пиеле заедно, се скарале, па со шипка го тепал половина час. 55-годишник од село Сретево е осомничен за убиство на 53-годишник од Богданци.

Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил во саботата претпладне пред кафеана во дојранско Сретово. 55-годишникот со умисла го убил Никола Тимев.

Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за притвор за осомничениот. Според него, постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоци кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсена скопјанка поради криумчарење мигранти, пронајдени шест лица од Египет

На 15.08.2025 во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за с. Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија…

August 16, 2025
ХРОНИКА

АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА И МВР ВО ПРИЛЕП: Претреси на повеќе места низ градот, поврзани со злоупотреби во Општата болница

Широка антикорупциска акција на Финансиската полиција и МВР е во тек, дознава КУРИР. Како што дознаваме, се вршат низа претреси…

April 15, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати

Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба

Три лица, меѓу кои 11-годишно дете, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на експресниот пат Прилеп-Градско,…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?