Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка
ХРОНИКА

Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка

Објавено November 17, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Од обвинителството за МИА потврдуваат дека на случајот се уште се работи и се чекаат дополнителните анализи од предмети и траги од крв. Во дворот на Д.А е пронајден трупот на убиената жена, но се уште не се пронајдени нејзината глава и раце. Од вештачењето на трагите од крв утврдено е дека станува збор за убиената Б.Н, а на трупот има фрактури на ребрата, но нема убоди од нож. Според исказот на осомничениот откако ја убил 79 годишната Б.Н и ги сечел деловите од телото, за да ги сокрие трагите од монструозниот чин.

Истражните органи се уште ги бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка.

Министерството за внатрешни работи вчера преку пишано соопштение објави дека СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против 74 годишниот Д.А од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 и „противправно лишување од слобода“ по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел 79 годишната Б.Н. од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

-Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството, се вели во соопштението на МВР објавено на 16 ноември.

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс
Следна Статија Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) „БМВ“ изгоре на влезот во Тетово

Автомобил „БМВ“ попладнево изгоре на автопатот Скопје-Тетово, на влезот во Тетово, јавува ТВ „21“. Телевизијата неофицијално дознава дека автомобилот се движел во…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Пресечен транспорт на дрога кај Свети Николе

Полициските екипи вчеравечер во нова акција со која е пресечен транспорт на дрога. Екипи на Организиран криминал и САЕ Тигар…

January 27, 2026
ХРОНИКА

Исчезна полски државјанин на Водно

На бројот за итни повици 112 во ЦУК пријавено е исчезнување на машко лице, полски државјанин на падините на Водно.…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот

Иако неговиот возач претходно сведочеше дека Палевски му кажал дека имал закажано операција во Истанбул, според обвинителството тој сепак имал…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?