Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КОЈ БУЈАР ОСМАНИ ГО ПОТПИШАЛ СО „ЕУРОВИА“: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КОЈ БУЈАР ОСМАНИ ГО ПОТПИШАЛ СО „ЕУРОВИА“: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра
ПОЛИТИКА

ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КОЈ БУЈАР ОСМАНИ ГО ПОТПИШАЛ СО „ЕУРОВИА“: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра

Објавено August 28, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Медиумот Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година го потпишал со компанијата „Еуровиа“, за која се тврди дека е донатор на партијата ДУИ, за обезбедување услуги за време на Самитот на ОБСЕ во Скопјe.

„Врз основа на овој документ и во отсуство на извештај од договорениот субјект ‘Еуровиа’, кој некогаш се чинеше дека го финансира ДУИ, надлежна институција неофицијално покрена постапка“, се вели во текстот.

Објавата на документот доаѓа во време кога Државниот завод за ревизија утврди дека 2 милиони евра биле потрошени без документација за самитот и коалицијата Вреди поднесе пријава до Јавното обвинителство да постапи по извештајот на ДЗР.

Само за боење на вентилационите канали во црвена боја биле потрошени 130.000 денари. Во договорот има многу такви активности со различни цени. Некои услуги биле извршени без да се утврди соодветната цена, туку со договор за „паушална сума“, пишува Алсат М.

Според документот кој го обезбедил Алсаст М, „Еуровиа“ била обврзана да изврши неколку услуги како работи поврзани со боење во различни делови од објектот. На пример, во договорот е наведено дека ќе бидат платени 9,2 милиони денари или околу 150 илјади евра.

Во текстот на Алсат понатаму се дадени и останатите ставки.

За демонтажа, реновирање и чистење на внатрешноста на објектот, според договорот, се предвидени 2,5 милиони денари. Над 1,3 милиони денари се платени за механичко чистење на надворешниот простор на ВИП влезот на салата „Борис Трајковски“ каде што се одржа самитот. За демонтажа и поставување на спортскиот под во зона 2.18 биле платени 166 илјади денари, додека за демонтажа и поставување на шанкот во истата зона биле платени 462.500 денари.

За машинско чистење на постоечки под со керамички плочки, линолеум, спортски и друго се платени 5.000 денари по квадратен метар или вкупно 250 илјади денари. За 96.000 денари била расчистена и обележана површината каде што е планирано проширување на паркингот. За демонтажа на штандот за прес-конференцијаи, екраните, металните држачи и слично, биле планирани 150.000 денари.

Само за боење на вентилационите канали во црвена боја биле потрошени 130.000 денари. Во договорот има многу такви активности со различни цени. Некои услуги биле извршени без да се утврди соодветната цена, туку со договор за „паушална сума“, пишува Алсат М.

Тендерската постапка за спроведување на работите за адаптација на салата „Борис Трајковски“ беше спроведена преку Министерството за надворешни работи, додека најголемата корист ја имаше компанијата донатор на ДУИ, „Еуровиа“, која го доби тендерот вреден 1,8 милиони евра.

Како одговор на острите критики во јавноста поради поврзаноста на компанијата со ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори дека не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на партијата на која припаѓа.

– Знам дека не ми верувате, но верувајте ми, дознав од медиумите дека компанијата е донатор. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, бидејќи очекував вакви реакции и никогаш не би ставил дамка на најважниот настан во историјата на оваа земја – изјави Бујар Османи, во својство на министер за надворешни работи во август 2023 година.

Денови претходно, откако случајот беше пријавен во Јавното обвинителство, Османи ги нарече обвинувањата невистинити, нагласувајќи дека правниот случај за оваа набавка е расчистен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки
Следна Статија (Видео) Бенфика го испрати Мурињо во Лига Европа, Бриж ги растури Глазгов Ренџерс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо

Откако вчера испрати неколку писма  Емануел Макрон, Бајрам Бегај, Еди Рама, Вјоса Османи, Албин Курти, Урсула фон дер Лајен, Олаф…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Славески до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска

Градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз.…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?