Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!
СПОРТ

Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!

Објавено October 25, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Ракометниот репрезентативец Дејан Манасков објави дека повеќе нема да настапува за македонската ракометна репрезентација. Веста ја соопшти преку објава на социјалните мрежи, каде што искрено ја објасни својата одлука и наведе дека односите со селекторот Кирил Лазаров се нарушени.

-Би сакал да ја информирам целата македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката, напиша Манасков.

Тој потсети дека повеќе од една деценија со гордост го носел дресот на Македонија:

„Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес. Се борев и настапував секогаш со цело срце.“

Како што вели, причината за повлекувањето се нарушените односи со селекторот Кирил Лазаров.

-Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван. После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене, напиша Манасков, додавајќи дека тоа го погодило и по долго размислување ја донел одлуката да се повлече.

На крајот, Манасков им посака успех на соиграчите во националниот тим:

„Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниот период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување, Македонијо!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат
Следна Статија Во Прилеп се зголемува семејното насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Тимот на Јокиќ ја напушти НБА лигата

Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор реши да ја напушти АБА 2 лигата на сред сезона!Српскиот клуб ја донесе оваа шокантна…

January 10, 2025
СПОРТ

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар…

March 18, 2025
СПОРТ

Бабунски: Нема да биде лесно, но одиме на триумф

Во пресрет на средбите со Летонија и Ерменија во Лигата на Нации репрезентативецот на Македонија Давид Бабунски истакна дека нема…

October 8, 2024
СПОРТ

Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?