Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва
СВЕТ

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Објавено October 2, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен обид за атентат, и дека тој бил во болница.

Асад пред девет месеци доби политички азил во Русија откако беше соборен од власта во граѓанската војна во Сирија.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва.

Истиот извор наведува дека Асад бил отруен и дека мотивот за атентатот бил „да се засрами руската влада и да се обвини за соучесништво во неговата смрт“.

„Дејли меил“ објави дека сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.

Исто така, тој додаде дека само братот Махер Асад имал дозвола да го посетува поранешниот претседател во болницата, пред се, поради високите безбедносни мерки.

Руската влада засега не ги коментираше тврдењата.

„Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен“, објави „Дејли меил“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши
Следна Статија Шкендија дебитираше со пораз во Конференциската лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка…

April 2, 2025
СВЕТ

Зеленски одбил да ја потпише понудата на Трамп за минералите

И покрај силниот притисок од Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да потпише нацрт-договор со кој половина од украинските ретки…

February 15, 2025
СВЕТ

Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините

Се заврши не со страшен тресок, туку со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп и двајца главни помошници напишаа објава…

April 11, 2025
СВЕТ

Алјаска се тресеше, но не беше постигнат договор: Трамп и Путин без договор по средбата

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ја завршија средбата во Алјаска без да постигнат договор за прекин…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?