Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Објавено June 10, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија.

ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост на работа (боледување).

Во Извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски вредоносно утврдениот праг.

Нотирана е и потребата од уредување на платата и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата со закон, потребата платата на вработените во Комисијата да биде уредена со закон или со Колективен договор и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата – подзаконски акти, со кои ќе обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“
Следна Статија ВИДЕО: Запуштена хала на Македонски Железници Транспорт доби нов лик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски за одвојувањето на Македонија: Се испраќа лоша порака, само се изживуваат врз нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола

Инспекторите од УЈП кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека „Пулс“ се суспендирани се додека трае постапката за…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?