Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца
ЗДРАВЈЕ

ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

Објавено October 15, 2025 15:40
Сподели
Сподели

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице.

На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје по издадена наредба од Министер за здравство бр.17-9871/1 од 14.10.2025 година до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а во врска со неговата работа како директор на клиниката и како здравствен работник, информираат од Министерството за здравство.

Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат оттаму, извршен е увид во персоналното досие на именованиот и останатата документација на клиниката во врска со предметот на инспекцискиот надзор

При надзорот е констатирана следната фактичката состојба : Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в.д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025 година. Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој Термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г година заклучно со 30.11.2025 година се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025 год. Со назначувањето на в.д.дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна. Од увидот во персоналното досие утврдено е дека има последна лиценца за работа издадена од Лекарска комора (ЛК) на Република Македонија бр.0009786 со важност до 15.03.2025 година. Од тој датум до денот на назначување на в.д. директор проф. д-р Игор Кузмановски обавувал здравствена дејност, се појаснува во соопштението.

Од ДЗСИ велат дека во врска со работата на проф.д-р Игор Кузмановски како здравствен работник без важечка лиценца за работа ќе му биде издаден прекршочен платен налог според член 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствената заштита, но оти ќе следи и прекршочен платен налог за правното лице и за одговорно лице во правното лице, односно претходниот директор.

Од увидот во персоналните досиеја на останатите доктори, вкупно 33, се констартира дека сите лиценци се во рок на важност.

Во врска со работењето на клиниката било констатирано дека специјалистички извештаи после извршените прегледи кај докторите се оверуваат (со со факсимил на докотрот и печат на здравствената установа) од страна на административните работници на пултот, што не е во согласност со член 13 од Законот за евиденциите во областа на здравството.

За сите констатирани недостатоци во однос на работата на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, ќе биде издадено решение за наредба за отстранување на недостатоците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација
Следна Статија Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните…

November 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката

Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди…

June 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем – „Мој Термин“ и „Мое Здравје“ ќе добијат моќни надградби

Граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било, што е основа и обврска за поголемо дигитално учество во здравствениот…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?