Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94.795 лица се невработени.