Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дигитално здравство, со електронско досие за секој пациент, најави Алиу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дигитално здравство, со електронско досие за секој пациент, најави Алиу
ЗДРАВЈЕ

Дигитално здравство, со електронско досие за секој пациент, најави Алиу

Објавено March 6, 2026 18:25
Сподели
Сподели

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна дигитализација на здравствениот систем.

Тој рече дека една од клучните новини е регулирање на Електронското здравствено досие за секој пациент, кое ќе претставува централен извор на сите здравствени податоци – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги.

Со новите законски решенија, посочи министерот, значително се подобрува и пристапот на граѓаните до сопственото здравствено досие, преку електронски портал или мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетни лица и можност за овластување друго лице.

– Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано, со што ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“, појасни Алиу.

Законот, потенцира Алиу, предвидува и техничка и семантичка интероперабилност на сите здравствени информатички системи, што значи дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат системи усогласени со Националниот систем, преку воведување сертифицирање на информатичките системи и задолжително евидентирање на секој пристап до здравствените податоци, со цел зголемување на безбедноста и транспарентноста.

– Дополнително, за првпат се регулира интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth) во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба на анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цели од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствени политики, при што е строго забранета секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединец, истакна Алиу.

Со измените, како што рече, се предвидува и централизација и интеграција на здравствените регистри во рамки на Националниот систем, како и зајакнување на безбедносните стандарди, со обврска за здравствените установи да воспостават системи за управување со информациска безбедност и да пријавуваат евентуални безбедносни инциденти.

-Предложените законски измени се делумно усогласени со најновите европски регулативи во областа на дигиталното здравство, вклучително и Регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци. Со овој закон се поставуваат темелите за модерен, сигурен и интероперабилен систем за управување со здравствените податоци, кој ќе придонесе за подобар квалитет на здравствените услуги, поефикасно функционирање на здравствениот систем и поголема достапност на услугите за граѓаните, следејќи ги трендовите во оваа област, посочи Алиу.

Тој додаде дека во финална фаза измените на 12 закони од областа на здравството, и како што се финализираат ги објавуваат и на ЕНЕР, каде веќе се поставени законите за здравствена заштита, за заштита од пушењето, за здравствено осигурување, а за Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидени новини во рамки на заложбите за дигитализација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што има во подземните градови на Иран
Следна Статија Linux 7.0-rc2 Released: “So I’m Not Super-Happy With How Big This Is” – Phoronix

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри, неправилност утврдена кај еден оператор со храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските…

January 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија…

August 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Четворица професионални војници имаат шуга

Се зголеми бројот на војници заразени со шуга. Кај четворица е откриена болеста, сите се во добра состојба и се…

February 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

Овие намирници ги уништуваат желудникот и цревата, ќе ви загорчат стомакот, предупредува д-р Перишиќ

Преработената храна може да предизвика пекол во желудникот, а многу луѓе неконтролирано ја консумираат, вели д-р Воислав Перишиќ, познат српски…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?