Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Објавено September 22, 2025 14:58
Сподели
Сподели

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и 69 денари на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,947 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување и тоа кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстра лесното масло за 1,481 и кај мазутот за 1,689 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6675 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок
Следна Статија Скопјанка ограбена во кафуле, малолетник поминал со тротинет и ја украл чантата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати…

September 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот

Македонската влада е во преговори со авиокомпанијата Ryanair за нејзино потенцијално влегување на македонскиот пазар. Кон крајот на мај, заменик-претседателот…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трошоците за живот за една година се повисоки за 3,2 проценти

Трошоците за живот во јануари 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со јануари 2025, покажуваат најновите податоци…

February 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?