Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

Објавено November 29, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:

„Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија.“

Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик- ќе биде дом на многу спортски клубови
Следна Статија Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Купувајте злато, цената урива рекорди

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената…

October 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Oд први август нов бран поскапувања на банкарските услуги

Граѓаните од 1 август ќе се соочат со нов бран поскапувања на банкарските услуги. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија…

June 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?