Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот

Објавено November 29, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Доволно беше чекање, акцијата против корумпирани обвинители и судии почнува од понеделник, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по означување на почеток на реконструкција на спортска сала „Расадник“ во општина Кисела Вода. Тој нагласи дека нема да функционираат како „естрада“ и да се понижуваат поединци, нема да се ангажираат специјални полициски единици при имплементација на планот кој ќе почне да се спроведува од понеделник.

-Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и сигурно дека нема јас сега да кажувам како што тоа во минатото се случуваше пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со имплементација на планот. Доволно беше чекање, чекавме, дадовме шанса, доволно беше. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители, за жал, изјави Мицкоски.

Тој и деновиве во повеќе наврати посочи дека е разочаран од однесувањето на поединци и неможноста за спроведување на правдата.

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, Мицкоски пред два дена по посетата на КОСТАЛ Македонија, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП
Следна Статија Сиљановска Давкова- Спајиќ со предлози: Повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, одржување на меѓувладина седница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Адвокатката Јошевска вели: Јованов добил казна според европски стандард

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје излезе со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Картичките на ЈСП ќе можете да ги надополните и онлајн

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн. „Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години,…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?