Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова- Спајиќ со предлози: Повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, одржување на меѓувладина седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска Давкова- Спајиќ со предлози: Повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, одржување на меѓувладина седница
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова- Спајиќ со предлози: Повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, одржување на меѓувладина седница

Објавено November 29, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамките на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, европските аспирации и состојбите во регионот.

Сиљановска Давкова изрази задоволство од досегашниот развој на односите и соработката, кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, идентични ставови по однос на развојот на меѓународната и регионалната соработка, со заеднички стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ.

Претседателката го истакна очекувањето напредокот во македонска евроинтеграција да биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми и изрази очекување за споделување на експертизата и искуствата на црногорската администрација во преговорите со Унијата.

Таа истакна дека меѓу нејзините главни приоритети е регионалната соработка, посочувајќи дека преку почитување и поттикнување заедништвото во регионот, можеме да ја забрзаме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Во таа насока, соговорниците предложија конкретни решенија: повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, како и што поскоро одржување на меѓувладина седница. Премиерот ја нагласи подготвеноста за споделување на досегашните црногорски евроинтеграциски искуства со македонските институции.

Соговорниците заклучија дека е потребен брз и голем исчекор во економската соработка која ќе ги следи одличните политички односи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
Следна Статија СДСМОВЦИ ДОБИЈА НАПАД НА ПАТРИОТИЗАМ Функционерите го објавуваат македонското знаме на профилите на Фејсбук

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?