Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК го усвои календарот за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДИК го усвои календарот за локалните избори
ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Објавено August 9, 2025 19:08
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

Изборната кампања за првиот круг почнува на 29 септември во 00.00 часот и трае непрекинато до 17 октомври до 24 часот. За вториот круг изборната кампања трае до 31 октомври до 24 часот.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги соопшти обврските според Роковникот/Календарот кои, рече, ќе бидат објавени како посебни/поединечни изборни дејствија.

Соопшти дека од денот на распишување на изборите, односно од денеска, ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список и за 48 часа МВР ќе треба да достави податоци. Од 23 август до 11 септември до 00.00 часот Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК (кои ќе работат во две смени) каде што граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршување на јавниот увид односно 26 септември.

До 13 септември до 24 часот е рокот до кога ќе може да се поднесуваат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии. Жрепката за редни броеви на гласачко ливче ДИК ќе ја организира најдоцна до 25 септември. Најдоцна до 16 октомври, односно три дена пред изборите, сите подносители на листи со потврдени кандидати имаат право да достават предлози за овластени претставници односно набљудувачи на изборите до изборните органи – до ОИК и за набљудување на денот на гласање за избирачките одбори.

Најдоцна до 27 септември ќе се потпише Кодексот за фер и демократски избори.

-Сите учесници на изборите со потврдени кандидатски листи должни се да отворат трансакциска сметка наменета за избори и да обезбедат Единствен даночен број најдоцна 48 часа по потврдувањето на нивните кандидатски листи од ОИК, рече Кондарко.

Медиумите имаат право да извршат регистрација најдоцна три дена од распишувањето на изборите, односно до 12 август до 24 часот. Регистрацијата на медиуми може да се направи на посебен службен мејл на ДИК објавен на веб-страницата или непосредно во архивата на Државната изборна комисија. Најдоцна до 14 август до 24 часот медиумите треба да ги достават ценовниците.

-Најдоцна до 13 август општините и Град Скопје се должни да ги објават своите локации за истакнување рекламни паноа и билборди за учесниците на изборите. Најдоцна до 29 август општините и Град Скопје се должни да ги објават и условите за користење на местата за рекламирање, посочи претседателот на ДИК.

Резултатите од испитувањето на јавното мислење (анкетите) може да бидат јавно објавувани најдоцна до 13 октомври до 24 часот, а за вториот круг до 27 октомври на полноќ.

Најдоцна до 18 септември ДИК ќе ги објави во Службен весник описите на сите избирачки места за гласање во Република Македонија, додека општинските изборни комисии нив треба да ги објават во општините на видни места најдоцна до 3 октомври.

Акредитации за домашни и странски набљудувачи, невладини организации и владини институции може да се достават до ДИК од денеска заклучно со 9 октомври односно десет дена пред одржување на изборите.

Немоќните и болните лица до 10 октомври можат со известување преку полномошник да се пријават до ОИК за гласање во домашни услови, а до 14 октомври е рокот до кога треба да се пријават лицата што се во куќен притвор. Немоќните лица, оние во старечки домови, во КПД и во куќен притвор ќе гласаат еден ден пред изборите, односно на 18 октомври.

Најдоцна три дена пред гласањето, ДИК ќе го достави сиот доверлив и недоверлив материјал до сите 80 општински изборни комисии и до изборната комисија на Град Скопје. Ден пред гласањето, општинските изборни комисии се должни да го достават изборниот материјал до секое избирачко место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Езерската полиција трага по исчезнат нуркач во Охридско езеро
Следна Статија МВР: Преземаме соодветни мерки за случајот во Демир Хисар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи,…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за понижена Македонија

СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“. Јас мислам дека конечно Фројд…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција,…

July 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“

СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?