Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено September 2, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека од СДС додека беа на власт не работеа ништо за граѓаните и државата покажуваат и последните информации за случувања во безбедносните служби додека владата беше под водство на СДС.

Постои основано сомневање дека двете институции како Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност наместо да се грижат за безбедноста на државата тие се занимавале со следење на тогаш опозицискиот лидер, сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и со други функционери на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари, бизнисмени и слично.

За ВМРО-ДПМНЕ тоа не е ништо ново, бидејќи уште кога беше во опозиција имаше информации дека се следат лица од партијата, пред се од раководството.

Очигледно во тој период имало обид за политичка дискредититација која времето покажа дека не им успеа на СДС.

Сега на потег се надлежните од правосудството, или да постапуваат обвинителството и судот по овој случај.

Како партија која силно стои на ставот владеење на правото, заштита на човекови права и сите демократски вредности, ВМРО-ДПМНЕ очекува дека по овој случај и по постапување на правосудниот систем конечно ќе се стави крај на ваква незаконска пракса и на ова кршење на основните демократски вредности.

Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и тие да ја вршат основната функција, заштита на државните интереси, се вели во соопштението на владејачката партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Се омажи најбогатата принцеза во Европа: моќниот наследник станува дел од кралското семејство
Следна Статија Цената на златото расте: „Зголемените нивоа на економска неизвесност го прават попривлечно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони…

May 21, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и од СДСМ за Гоце Делчев

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ се огради од изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон во која…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?