Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски за Изборниот законик: Дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски за Изборниот законик: Дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина
ПОЛИТИКА

Mицкоски за Изборниот законик: Дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина

Објавено July 2, 2026 14:02
Сподели
Сподели

СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат нивната доверба и ова е силна порака кон нашинците од дијаспората. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на носењето на Изборниот законик.

-Најпрвин, СДСМ кога беше Влада со својата катастрофа и катаклизма која што ја донесе во Македонија, мотивираше и избрка голем дел од нашите граѓани да си ја бараат својата среќа надвор од Македонија, а сега истите ги казнува по втор пат. Не им дозволува да учествуваат на легитимни, претседателски избори. Ако се плашат за парламентарните, еве ние им велиме за следните претседателски избори па натаму да и се даде можност на дијаспората да учествува по електронски пат. Не е точно изминатите деново што се зборува за примерот на Франција, можам да ви кажам многу примери кои што и ворегионот ги имамем аплицирано, кои што ги гледаме и кои што се случуваат, рече Мицкоски.

Изминатите месеци имавме конструктивна дебата, во последен момен Левица одби да го потпише поднесокот, вели премиерот.

-Она што ние го направивме изминатите месеци беше конструктивна дебата во рамките на Парламентот, онаму и каде што треба да се дебатира. И се беше готово, се беше завршено, се беше усогласено кога станува збор за Изборниот законик. Во последен момент политичката партија Левица одби да се потпише на поднесокот до парламентарците, односно одби да го потпише на Изборниот законик кој што тие го предлагаа, кој што тие го усогласуваа, а ние им прифаќавме се што сакаа, се што е во согласност со нормалното однесување, вклучително и парите за финансирање на кампања, нешто што им беше најбитно. Тоа им беше главен приоритет. Да имаат повеќе пари за кампања, се им прифативме и рекоа не, ова ние нема да го потпишеме, ви ветуваме нема да правиме филибастеринг со амандмани, вие изгласајте го, ние ќе бидеме воздржани, ссакајќи притоа да се претстават повторно лажно пред нивните поддржувачи, еве тие се ти кои што се принципиелни а сите остамнати се против нив, правејќи се жртва на тој начин, а во суштина 4 месеци заедно преговараа со сите пратенички групи и ова е порака до нивните гласачи: замислете да им дадете можност да управуваат со институции, замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина, кога во очи ве лажат, ве гледаат во очи и ве лажат, а позади завеса нешто сосема друго прават, појасни Мицкоски и додаде:

„Впрочем, се сеќавате на она сведочење на поранешниот претседател на владата Зоран Заев кога јасно кажа дека се обезбедувале ресурси за да Левица одземала гласови од ВМРО-ДПМНЕ на едни парламентарни избори, а потоа ако добиеле пратеници требало да бидат во Коалиција со СДСМ и да ја поддржуваат неговата Влада. Тогаш избега претседателот на Левица, а сега повторно бега. Затоа порака до сите оние кој што ја поддржуваат оваа политичка партија. Ако тие едно прават со месеци, за друго зборуваат, замислете да им дадете можност замислете што ќе прават и како ќе се однесуваат“.

Нашата црвена линија е дијаспората, вели Мицкоски.

-Навистина жалам, нашата порака беше јасна: Кажете се, се ќе прифатиме, но наша црвена линија е гласањето на дијаспората, бидејќи дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина, затоа што наша цел како Влада е, еден ден таа дијаспора да си ја вратиме дома. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси, рече премиерот Мицксоки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Со божја помош пожарот во Дојран е изгаснат, напиша градоначалникот на Дојран
Следна Статија Taжната приказна на биографот на Гоце Делчев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети…

April 5, 2026
ПОЛИТИКА

Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора…

July 19, 2026
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард

Две години лажни ветувања, економски дебакл, влошување на животниот стандард – нула резултати има ВМРО, нагласи потпретседателката и пратеничка од…

June 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?