Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали
МАКЕДОНИЈА

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали

Објавено August 22, 2025 16:27
Сподели
Сподели

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.

–Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата обработена документација се запишани 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатни медиуми и 246 интенет портали. Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали се отфрлени како неуредни, односно ненавремено доставени, дополнително доставени се два ценовници за упис во регистерот, но на истите правни субјекти нема доставено барање со што се отфрлаат како неуредни, информиира членот на ДИК Светлана Карапетрова на денешната 131 седница.

ДИК го изгласа и решението за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година.

Воедно беше изгласано задложението за општинските изборни комисии во врска со случајниот избор на членови на избирачките одбори, со ова се задолжуваат општинските изборни комиси да отпочнат со постапка на избор на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори. Имено општинските изборни комисии се задолжуваат до 5 септември да го извршат првичниот избор на претседател, заменик претседател, членови и заменик членови во избирачките одбори, односно се задолжуваат да извршат целосно комплетирање на избирачките одбори кои се избираат од редот на вработените во јавната адинистрација. Откако ќе се формираат избирачките одбори потребно е сите во септември да бидат повикани на задолжителни обуки во насока на максимално професионално постапување во спроведувањето на изборите.

ДИК ја изгласа и Предлог-одлука за утврдување на максималниот износ на средства, потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на изборите.

Претстедателот на ДИК, Борис Кондарко посочи дека ова се спроведува секоја година бидејќи имало населени места, рурални средини во кои нема јавни објекти.

На седницата беа изгласани и барање за акредитација за набљудување на локалните избори 2025 година, како и известување за отпочнување на спроведување на јавниот увид во избирачкиот список.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ ги повика блокадерите на ТВ-дебата
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ прашува каде “испари“ Венко Филипче: 20 дена не е појавен во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР по употреба на термин „северномакедонски“

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, Жељазко Радуков,…

May 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања

Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија косовскиот премиер Албин Курти.…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?