Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ
ПОЛИТИКА

Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ

Објавено October 8, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска на прес конференција откри дека добивал стотици пораки од негови членови и поддржувачи, луѓе кои се повикуваат на разговори, на „предупредувања“, на притисоци под директива на Венко Филипче и сегашното раководство на СДСМ.

Наместо визија, тие нудат страв.Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка.Но, јас Ви ветувам и оттука јасно Ви порачувам, овие тактики ќе Ве поразат, но нема да ја поразат Македонија.Нема да успеете!ЗНАМ не се плаши.Нашите членови не се плашат.Македонија нема да се плаши!Секој обид за заплашување само ја зајакнува нашата борба.А тоа е Вашиот страв, затоа што знаете дека народот повеќе не Ви верува, дека ЗНАМ расте, а Вашиот систем се распаѓа.

Тој потсети дека пред една недела го повикал лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел

Не заради мене, не заради партија — туку заради Македонија.Да ги соочиме аргументите, да зборуваме отворено, пред народот, за она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина.Седум дена поминаа од тогаш.Седум дена молк.Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст.И тоа кажува сè.Затоа што, кога ќе молчиш за вистината – молчиш и за Македонија.

ЗНАМ, нема да молчи

Нашата должност е да зборуваме, да предупредуваме и да браниме.Пред извесен период, пред сите политички партии во државата, ја претставивме Националната платформа за заштита на македонските национални интереси.

Во неа не ставивме партиски интереси, туку историја, чест и иднина.Крушевскиот манифест, АСНОМ, нашата вековна борба за држава и за јазик — тоа се темелите на Македонија што ја сакаме.Таа платформа ја испративме со почит, со надеж дека ќе биде почитувана.Но господата од СДСМ ни ја вратија – неотворена.Не ја прочитаа.

Не ја допреа.Не ја почувствуваа.И истите тие се дрзнуваат зборуваат за „црвени линии“.А линиите што тие ги влечат – се линии на поделби, на отстапки, на целосно распродавање на македонските интереси.Јас не сум човек што молчи.Јас сум човек што го сака својот народ и својата татковина.

И затоа, Венко, повторно денес те повикувам – излези, соочи се, зборувај пред народот!

Избери медиум, избери време, избери место!Како помош и логистика земи го со тебе и твојот ментор Зоран Заев, дури ако сакаш – може да се соочиме и на Бихаќка – биди опкружен и со 200 партиски активисти околу тебе – од кои најголемиот дел секојдневно вртат кај нас во ЗНАМ и бараат спас од вашите небулозни чекори.Знам дека е тешко да се излезе од луксузот во кој живееш, лесно е да се ужива под сонцето на Дубаи,да се возат мотори и да се плови на јахти,но Венко – има нешто поважно од сето тоа.Овојпат не се работи за комфор и забава, овој пат станува збор за Македонија!Одважи се, покажи доблест, излези и погледни му на народот во очи!Јас ќе те очекувам со вистината, со документи, со љубов кон оваа земја.Да му покажеме на народот кој има визија за Македонија, а кој само пласира туѓи сценарија!

Не барам конфликт, барам одговорност.

Одговорност пред историјата, пред граѓаните и пред идните генерации.Немаме резервна татковина.Оваа земја – нашата земја – ја наследивме со жртви, со крв и со борба!Нашата должност е да ја чуваме, да ја надградуваме и да ја оставиме подобра на нашите деца.Македонија, почитувани, не е збор.Македонија е чувство, погледот на секој граѓанин што плаче под знамето.Македонија е секој човек што верува дека оваа земја може подобро.

И додека има луѓе што ја чувствуваат така – нема да исчезне, нема да се предаде, нема да се продаде.

Ние во ЗНАМ нема да дозволиме никој повеќе да ја гази таа љубов.

Ќе ја браниме Македонија со разум, со срце и со визија.

Ќе ја браниме со работа, со чесност и со обединетост.

Ова е нашата земја.

Ова е нашето време.

Ова е нашата должност.

Да ја чуваме Македонија, да ја издигнеме Македонија, да ја направиме држава со која ќе се гордеат и нашите предци и нашите деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиств
Следна Статија Мицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера меѓу граѓаните во Свети Николе изјави дека секој ден сме сведоци на хаос во…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори

Од денеска започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори, одлучил Централниот…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?