Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Објавено April 25, 2025 10:29
Сподели
Сподели

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција. Ставот на ЗНАМ е дека секој, не само Таравари или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со нереформираната ДУИ и директна или индиректна соработка за нас како политички субјект е неприфатлив да биде составен дел на владиното мнозинство, рече синоќа претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски. 

Како што појасни Димитриевски во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, нереформираната ДУИ ги вклучува челните луѓе на партијата, сите оние кои беа поврзани со коруптивните скандали во минатото, сите оние кои го политизираа независниот судски и обвинителски систем и дополнително, како што рече, направија целосна политизација на целиот државен апарат или партизација против која ние се бориме. 

– Не е само г. Ахмети. Таму се еден голем број политичари, Сметам дека тоа е голема политичка партија, во која има голем интелектуален и кадровски потенцијал кој може да ги замени овие актуелните кои денеска таа партија ја водат од позициите таму каде што се, рече  Димитриевски, додавајќи дека тоа е нивна одлука и внатрешно прашање за нив. 

Димитриевски потенцира дека ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски однос во власта, а не притисок како во минатото. – Владината програма се имплементира во континуитет и заедно се бориме против корупцијата, како од надвор и од спротивната страна, така и во сопствените редови, подвлече  Димитриевски.

Прашан за претстојните локални избори, тој рече да се остави на времето, да се завршат разговорите и потенцира дека ЗНАМ поседува човечки, интелектуаелен и партиски капацитет да има свој кандидат во најголем дел од општинските организации, а тоа, како што реч, се вкупно 50.

– Мислам дека до крајот на мај ќе го имаме епилогот од самите разговори и тоа ќе го соопштиме, додаде Димитриевски.

Тој  информира дека не бега од судот, секој месец оди на рочишта и ја чека конечната одлука на судот или како што рече во овој случај на Обвинителствпото. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: „Шарените“ потрошиле 20 милиони евра само за храна
Следна Статија Се воведува повторно полагање возачки испит, ќе се казнуваат и пешаците со мобилен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот

вечената академија не е место за испраќање такви политички пораки, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан како го оценува синоќешниот говор…

January 28, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети не знае каде се бегалците Груби и Бајрами, вели дека не е истражен орган

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека нема никаков контакт со бегалците Артан Груби и Пермарим Бајрами кои се бараат…

May 3, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи потврди: Јас и ДПА веќе не сме дел од „Европскиот фронт“

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека тој и неговата партија повеќе не се дел од…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?