Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните

Објавено October 30, 2025 09:29
Сподели
Сподели

Во недела граѓаните ќе кажат какво Куманово сакаат и кој да го води во следните четири години, рече кандидатот за градоначалник и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во изборното соочување со противкандидатот Горан Стојковски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ. Му се обрати и директно на кандидатот коментирајќи ги неговата програма и досегашни настапи.

– Додека ги направите тие Ваши анализи и стратегии за работење, ќе ви помине мандатот. Од градоначалникот се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми со кои се соочувам, рече Димитриевски во соочувањето.

Димитриевски во студиото извади документи и слики со кои го впери прстот кон Стојковски посочувајќи дека дал согласност да се гради зграда кај локалитетот Серава, врз главниот колектор што може Куманово да го стави во голема опасност при евентуални поплави. Истовремено и јавно го праша за градбите на згради на булевар Октомвриска револуција – „дали свесно ги манипулира луѓето со јавно дадено негативно мислење, а во системот кој ја креира дозволата за градба запишано позитивно мислење и потоа издадено одобрение“.

Актуелниот градоначалник на Куманово ги наведе уште еднаш поголемите проекти што ги реализирал досега – новата спортска сала, Соколаната и Соколанскиот парк, Градскиот плоштад и серија целосно реконструирани улици. Најави и сериозно зголемување на капацитетот за паркирање со катни гаражи и проширување на постоечките паркиралишта, но и изградба на нови . Рече дека општината е во одлична финансиска кондиција со речиси 90 милиони денари на сметката и најави дека во следниот мандат урбано ќе го среди целосно централното градско подрачје. На крајот во своето обраќање тој ги повика прво во сабота да дадат масовна поддршка на македонската ракометна репрезентација во дуелот со Јапонија, а утредента – в недела да излезат масовно и на гласање.

– Во наше Куманово, и по недела да продолжи континуитетот – градот да расте и да се шири, на младите да им дадеме можност, да се реконструираат сите училишта. Да градиме нови спортски терени, но и да создаваме алтернативи за нови вработувања на младите кумановчани и кумановчанки. Ве повикувам во недела да гласате за бројот 2, бидејќи јас заедно со мојот тим покрај зборови, испорачувам и дела. И, никогаш нема да ветам нешто што нема да можам да го исполнам, потенцираше Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени
Следна Статија Македонија гласаше против укинување на санкциите кон Куба: Само 7 земји на Обединетите Нации беа „против“, 165 гласаа „за“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија,…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?