Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција

Објавено December 15, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати.

– Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите сопствени редови, до вчера беа власт и знае како функционира Трезорот. Трезорот работи. Друго е рокот што сме им го дале на институциите да ги достават налозите до трезорските канцеларии. Тоа значи секоја институција да ги достави налозите до 15-ти за да може да се организираме и да се следи исплатата со 31 декември, истакна Димитриеска – Кочоска, одговарајќи денеска на новинарски прашања.

Таа напомена дека има упатство според кое, налозите во Трезорот стојат по 15 дена заради дополнителните проверки, а исто така има и даночен календар според кој има одредени денови од месецот кога се собираат даноците и нема логика да се затвара Трезорот ако даноците се собираат до 25-ти во месецот.

– Напротив, имаме приливи и ги планираме одливите. Не знам зошто се вадат сите работи од контекст. Пред почетокот на овој месец имаше коментари дека и пензиите нема да се исплатат навреме, па гледате дека пензиите се исплатија навреме. Се она што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Појасни дека налозите ќе се примаат до 15-ти во месецов што не значи дека ако некој задоцни, дека нема да биде примен налогот.

– Многу несериозно е да се каже Трезорот затвора. Трезорот ги прибира налозите со цел подобро да се организира до крајот на годината. Како ќе затвориме, клуч ќе ставиме на Министерството и ќе одиме на зимување. Не е така, Трезорот ќе си работи до 31-ви и тоа е вообичаено. Трезорот е единствениот сектор во Министерството којшто останува до седум – осум часот, имало и години до 11 часот навечер кога Трезорот работел, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на информациите дека се доцни со исплатата на социјалните трансфери, министерката за финансии тврди дека во Трезорот не стојат налози за исплата.

– Доколку има задоцнување, тогаш тоа е во ресорните институции при подготовка на налозите. Од она што го имав добиено како податок од Министерството за социјална политика беше дека имаат нови потпишани решенија кои чекаат да се стават во систем и да почне исплатата наеднаш. Тогаш да проверите во рамки на самите министерства решенија што не се потпишувале од септември бидејќи сме биле во избори така што не станува збор за тоа дека Трезорот не исплатил. Во петокот имавме исплата на три милијарди од кои две милијарди и 400 се само блок дотации за образование каде е вклучена и исплатата на К-15, рече Димитриеска-Кочоска.

Тврди дека Буџетот е во одлична кондиција и дека обврските нема да останат несервисирани. Вели се тече во рамки на предвиденото и дека ништо не е поразлично од претходните години.

– Ќе го видите тоа до крајот на годината. Пред боговите и фактите молчат. Ќе дојде 31 декември, ќе се видиме повторно, ќе видиме каква е реализацијата, рече Димитриеска-Кочоска.

Прашана за кратење на средства за ретки болести, Димитриеска-Кочоска вели дека се што институциите побарале од Министерството за финансии, е реализирано.

– Секоја од институциите си добива лимит, а како ќе го распредели лимитот внатре, одлучуваат сами. Ние имавме донесено буџет како предлог од Министерството за финансии на Влада. Поедини министри си побараа – не оваа ставка, вратете ми таму, ставете ваму. Кој што побарал во рамки на лимитот, така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат самите тие. Ние како Министерство за финансии делиме лимити, а секој сам во рамки на своите лимити, одлучува што е негов приоритет, рече Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елон Маск vs Сам Алтман: Битката за највредна приватна компанија
Следна Статија Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високо-технолошка извонредност

Македонија2025 информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност,…

February 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови контроли на УЈП: 30 % од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти

Во периодот од 28 јули до 03 август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, во гостувањето…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?