Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Објавено January 1, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.

Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти.

Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи. На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница.

Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

– Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште – ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.

Тој истакна дека очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над милијарда евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во овој хрватски град од денеска бесплатен јавен превоз за сите граѓани
Следна Статија Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со…

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Со Ребалансот власта ги потврди нашите предупредувања

Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата доживеаја целосен неуспех и дека не носи ништо добро…

July 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1 проценти во однос на јули лани, а за три проценти во…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?