Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст

Објавено June 30, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст.

Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти.

Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува 9 проценти, со најголем придонес од: Прехранбена и текстилна индустрија, Производство на пијалаци, фармацевтски и хемиски производи, Производство на електрична опрема, возила и мебел.

– Ова се силни сигнали дека индустријата зазема стабилен курс на раст – поддржуваме домашно производство, извоз и економски развој!, пишува Димитриеска Кочоска.

Како што објави Државниот завод за статистика денеска, според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 проценти, Капитални производи за 13.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 9 проценти.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, достапни се лековите за третман на Онкологија
Следна Статија (ФОТО) Филмско апсење на нарко-дилери во Струмица: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

Оваа година хотелиерите и угостителите во земјава се задоволни од летната туристичка сезона. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП со засилени контроли: Таксисти издавајте фискални сметки

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Форбс: Синот на Трамп, Ерик десеткратно го зголеми своето богатство откако неговиот татко се врати во Белата куќа

Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, десеткратно го зголемил своето богатство, откако неговиот татко се вратил во Белата…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?