Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Објавено April 11, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и можеби ќе успееме и подобро да се позиционираме, зошто да не, доколку имаме услови да направиме договор за слободна трговија, да успееме повеќе да извезуваме во САД, понекогаш и во криза може да се искористат одредени ситуации, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката деновиве учествува на 10. Делфи економски форум во Грција, каде што една од главните економски теми се царините од САД и новата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, а во интервју за МИА детално говори за целата глобално-економска состојба, што тоа значи за Европа, дали ќе влијае и на земјава, но и дали ќе има последици за обичните граѓани, а паралелно открива дека во текот на летото е планиран ребаланс на Буџетот.

За учеството на форумот вели дека како првични заклучоци кои ги констатирала се дека „пред сè, глобализацијата го има постигнато својот максимум и оти повеќе светот нема да биде ист како што го знаеме во однос на глобализацијата“.

-Она што е испратено како порака од форумот е дека треба малку повеќе да се промени во насока на тоа повеќе да разменува и да тргува меѓу себе да се посвети малку повеќе внимание во насока на регулативите, побрза администрација, поекспедитивно работење итн. Денес имаше и разговори во насока на тоа дека иако се дадоа 90 дена дури за некои држави тоа може да е и мал период имајќи ја предвид бавноста на администрацијата и бавната реакција и она што е клучно за Европа е Европа повеќе да се сврти кон иновации, вештачка интелигенција, да почне да функционира пазарот на капитал, посочи министерката.

Коментира дека „непредвидливост“ е зборот што во Делфи е најзастапен за карактеризирање на целата ситуација, но потенцира дека царините од САД што, се однесува на нашата земја, не мора да предизвикуваат паника, ниту да се толкуваат негативно.

– Ние сме многу мали во однос на се ова што се случува и нашите одлуки не може да имаат директно влијание но ова можеби можеме да го искористиме како шанса за македонската економија, пред сè, од аспект на тоа дека Владата има добра комуникација со Вашингтон што е многу значајно иако ние во моментот имаме под еден процент од вкупната надворешна размена или трговија со САД секако тоа може да биде предност да искористиме во периодот што следи, истакна министерката за МИА.

Паралелно објасни дека најголемиот дел од трговската размена на земјава е со Европа и оти „повеќе би требало да се насочиме кон тоа како Европа ќе се однесува“.

Во однос на Европа, посочува дека она што е испратено како порака од форумот е дека треба малку повеќе да се промени во насока на тоа повеќе да разменува и да тргува меѓу себе, да се посвети малку повеќе внимание во насока на регулативите, побрза администрација, поекспедитивно работење итн.

Дополнително, во интервјуто за МИА, министерката открива дека ќе има ребаланс на Буџетот, но како што објаснува, очекува тоа да се случи во летниот период, а сега планирана е, како што вели, мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините“, а прераспределбата што ја планираат е бидејќи не можеле однапред да ги предвидат парите во кое министерство да се доделат.

Интервјуто на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за МИА беше направено на крајот од вториот ден од Економскиот форум, а министерката и денеска ќе ги следи дискусиите во Делфи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов
Следна Статија Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција: Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална…

August 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Епл најавува промени во iOS во Јапонија

Епл денес најави промени кои влијаат на iOS апликации во Јапонија за да се усогласи со Законот за мобилна софтверска…

December 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од…

October 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања

За подмирување на сметките за струја и други енергенси, граѓаните со ниски примања и годинава ќе добиваат помош од државата.…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?