Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП

Објавено December 4, 2025 15:31
Сподели
Сподели

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, пробпемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од 2011 – 2012 година.

Според министерката, државата се задолжува во рамки на планираното, а за идната година веќе се анализираат пазарите. Предвидено е издавање еврообврзница, а ќе се користат, како што објасни, различни извори на финансирање за да се затворат најпрво претходно направените обврски и за финансирање на буџетскиот дефицит проектиран за 2026-та.

-Во однос на повратот на ДДВ, во континуитет повторувам дека нема задоцнување освен таму каде што има дополнителни проверки во УЈП. Вие велите девет месеци, а јас можам најодговорно да тврдам дека во Министерството за финансии не постојат налози кои стојат девет месеци. Такво нешто е невозможно. Ако сакате повеќе податоци, да се обратите во УЈП. Ние и во текот на вчерашниот ден разговаравме тука, каде е проблемот. Проблем во Министерството за финансии, најодговорно тврдам, нема. Ако некој мисли дека има, го повикувам Државниот завод за ревизија веднаш да влезе по оваа дискусија и да провери дали во системот стојат налози за „Мој ДДВ“. Технички е проблемот, она што го зборуваме во континуитет – не можете да очекувате седум-осум години да не се надгради ништо во УЈП и наеднаш сега се да биде како што треба. Моите колеги од ИТ постојано ја посетуваат УЈП, таму буквално се е во лоша состојба и сега директорката максимално работи со тие ресурси, со тоа што го има, додека не се направи дигитализација. Но, кога зборуваме за дигитализација, мора да напоменам дека не можеме да дигитализираме, а да немаме поврзувања на основните системи, да сме планирале одредени постапки за навбавка што подразбираат некакви набавки кои во моментот значат „кровот ќе го градиме ама темелите ги немаме“. Јас тоа како министер за финансии не можам да го дозволам и на тоа сега работиме, потенцира Димитриеска-Кочоска на заедничката прес-конференција по средбата со министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки.

Истовремено, нагласи, се работи со Светска банка на додефинирање на условите за кредитот, но не во насока на каматните стапки, туку на тоа што треба друго да се смени и во однос на типот на кредитирањето.

-Одредени работи треба да бидат повнимателно сработени заради национачната безбедност на државата. Сетоа тоа ќе го затвориме, во завршна фаза сме. Но, повторно ќе кажам, ни треба поврзување на системите кои очигледно не биле чепнати низ годините. Според последните информации, од 2011 – 2012 година нема надградување на системот. Сега тоа прво ни треба и тука е проблемот. Ние работиме на тоа, но тоа не е процес што може да заврши за два масеца, знаеме сите. Кажа и мојот словачки колега како ги решиле проблемите во неговата земја – со воведување е-фактура. Тоа е еден од чекорите. За жал, ние сега ја воведуваме е-фактурата која можеби требаше да се воведе многу поодамна и ако се воведеше многу поодамна, денес немаше да зборуваме дека имаме задоцнувања, дека имаме уште злоупотреби во системот, мораме да проверуваме одредени компании,…., истакна министерката, напоменувајќи дека дигитализацијата може да ги реши сите проблеми кои сега рачно се решаваат, рече министерката.

Таа тврди дека не се прават задолжувања надвор од планираното.

-Се задолжуваме во рамки на планираното за тековната година. Не станува збор дека правиме задолжувања надвор од она што било планирано. Кога го зборувавме Буџетот за 2025 година, на крајот од 2024-та и кога го усвојувавме, што беше предвидено дека ќе биде како задолжување, тоа во суштина го реализираме до крајот на годината, децидна е Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси
Следна Статија Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател…

April 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?