Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство

Објавено December 20, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува состојбата во РЕК Битола денеска да се стабилизира и да продолжи редовното производство, откако два термоблока изутрината беа исклучени од мрежа.

– РЕК Битола е во алармантна и катастрoфална ситуација поради сето тоа што се случувало во изминатиот период, имаше една голема акција, што е само почеток, ќе има уште многу од она што го располагам како информација, но, се бориме. Очекувам таму состојбата денеска да се стабилизира и да продолжиме со редовно производство и со она што го добиваат граѓаните. Но, борба ќе има, нормално е, тоа е наследена состојба, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што соопшти АД ЕСМ, Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрина во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби.

– Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Мицкоски присуствуваше на настан организиран од Министерството за односи меѓу заедниците по повод Денот на наставата на турски јазик, со присуство на учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од с. Прналија и с. Радање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
Следна Статија Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Бош“ планира да отпушти 13.000 луѓе во Германија

Водечкиот светски добавувач на автомобилската индустрија, „Бош“, соопшти дека ќе отпушти 13.000 луѓе во Германија до 2030 година, пренесе Би-би-си.…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД ќе ја продолжат предноста во продуктивноста врз основа на АИ бумот, велат економисти

Анкетата на FT покажува дека доминацијата на Америка во области како технологијата не се очекува да се промени наскоро

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?