Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Објавено December 31, 2025 15:01
Сподели
Сподели

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање.

-На крајот од оваа година сакам искрено да ви се заблагодарам за трпението, довербата и одговорноста што сите заедно ја покажавме во период исполнет со предизвици. Со одговорно управување, дисциплинирана фискална политика и контрола на јавната потрошувачка, успеавме да ги стабилизираме јавните финансии. Го задржавме дефицитот под контрола, ја зачувавме ликвидноста на буџетот и ја зајакнавме довербата во финансискиот систем. Паралелно, инвестиравме одговорно – во здравството, образованието, инфраструктурата и капитални проекти што ја зајакнуваат економијата и го штитат животниот стандард на граѓаните, посочи Димитриеска-Кочоска во обраќањето.

Овие резултати, како што нагласи, не се случајни. Тие се плод на јасна визија, на тешки, но неопходни одлуки и на заедничка посветеност кон стабилноста и одржливоста.

-Годината што доаѓа ја пречекуваме со поголема сигурност. Следната година ќе биде поодржлива и поостабилна – со продолжување на фискалната консолидација, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции. Нашата цел е стабилни јавни финансии што ќе бидат основа за подобар животен стандард и предвидлива иднина.
Верувам дека со одговорност, солидарност и заедничка работа, ќе продолжиме да градиме економија што е силна, отпорна и во служба на граѓаните, вети Димитриеска-Кочоска.

Денес, додаде, можам уверено да кажам Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни темели отколку на почетокот на оваа година.

-Финансискиот сектор останува ликвиден и стабилен, а довербата на меѓународните партнери ја потврдува исправноста на насоката по која се движиме. Во годината што доаѓа ќе продолжиме со иста решителност– со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за инвестиции и развој, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во обраќањето на граѓаните, во овој период кој е време за благодарност, за надеж и за нови почетоци, им посака годината што доаѓа да им донесе здравје, мир, лични успеси и дом исполнет со радост.

-Јас ќе продолжам да работам посветено, одговорно и со целосна посветеност кон нашата држава – за стабилна Македонија, за сигурна иднина и за подобар живот за сите. Среќна Нова година. Нека 2026-та биде година на напредок и спокој за секој дом!, порача Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама
Следна Статија Апел за празниците: Брзата помош да се повикува само за сериозни случаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 1970-тите години, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист,…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции

Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Британски синџир супермаркети дава по 1 фунта на секој клиент кој ќе им помогне да ги фатат крадците во продавници

Синџирот супермаркети „Исланд“ во Велика Британија им нуди на своите клиенти една фунта како награда на нивната картичка за лојалност…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?