Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ

Објавено June 2, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониски царински стапки да почнат да се применуваат од 1-ви јули 2025-та година, информира денес министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

-Станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашите индустриски капацитети, особено во секторите на автомобилска, металопреработувачка индустрија, металургија и енергетика, односно оделни производи потребни за производство на високофинални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија. Од 1-ви јули со измените се врши намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ, рече министерката.

Таа објасни преку пример: Ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20%, а во ЕУ изнесува 10%, по 1-ви јули царинската стапка за конкретниот тарифен број би била 15%.

-Истовремено со измените пристапуваме кон целосно усогласување со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум-јонските батерии за складирање на електричната енергија во секторот енергетика. Од 1-ви јули царинската стапка за нив од 15% ја намалуваме на 2,7%, со што директно помагаме во енергетскиот сектор, рече министерката.

Измените кои се предложени, посочи министерката, се со цел да се зголеми конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари, да се зголеми македонскиот извоз, како и да се обезбеди зголемен девизен прилив.

Притоа ваквите мерки кои водат до намалување на трошоците на компаниите ќе имаат и ефекти врз зголемување на инвестициите и бројот на вработените што е и приоритет на оваа влада, а во насока на остварување на повисоки стапки на економски раст, рече министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатот за скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на почетокот на јули
Следна Статија Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир – завршиле со убодни рани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

Новите пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и…

October 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2025 година: Фокус на иновации, одржливост и безбедност

Советот на Народната банка на Македонија ја донесе Програмата за работа за 2025 година, која ќе започне со реализација на…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?