Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

Објавено June 28, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8.

Претходно, Бугарија инсистираше ние први да го започнеме и завршиме нашиот дел од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена, што претставуваше сериозна дискрепанца во ставовите. Исто така, немаше конкретни бројки за нивната инвестиција,за која гледано од страна се имаше чувство дека пругата е „оставена на страна“ и без интерес од официјална Софија. Бројката од 1,5 милијарди го менува светогледот на Бугарија по ова прашање.

Бугарија денеска се согласи дека мора да се гради заеднички тунел. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, на која била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата. До неодамна идеја и желба, од денеска обврска – двете држави ќе усогласат заеднички договор, кој ќе биде основа за изградба на тунелот кој директно ќе ја поврзе македонската и бугарската железничка мрежа.

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8, наведуваат од Министерството за транспорт.

Исто така, толкувањето ан познавачите е дека станува евидентно дека до сега коридорот 8 беше заложник на политички прашања на источниот сосед, кој ја вмешуваше дневата политика во проектот и не сакаше да признае дека се работи за инженерски, а не политички проблем.

Закажана е нова билатерална средба, а експерти од двете земји ќе учествуваат на состанок организиран од Европската Комисија во јули – уште еден доказ дека Коридор 8 конечно се движи напред.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 1 јули: Хрватска подготвува големи промени во пензискиот систем, се воведува и „13-та пензија“
Следна Статија На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ја градиме Македонија

Ако пред извесен период слушавме дека се работело, а во позадина структури од претходната политичка гарнитура се обидувала на сметка…

December 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни…

December 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел до граѓаните закуподавачи: Пријавете го доходот остварен од закуп на недвижен имот

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?