Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Објавено June 27, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ рече дека 2024 година била завршена со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции што според него е јасен показател за стабилноста и континуитетот за привлекување на странски инвестиции. 

Само во последниот квартал од 2024 година имавме прилив од 400 милиони евра странски инвестиции со што календарската 2024 година ја завршивме со рекордно ниво на странски директни инвестиции од една милијарда и 250 милиони евра што претставува историски рекорд во независна Македонија. Имено, од јули 2024 година заклучно со јуни 2025 година, согласно податоците со кои располагаме, се очекува над една милијарда и 200 милиони евра странски инвестиции што е јасен показател за стабилноста и контиунитетот за прилекување на странски инвестиции во Македонија што не прави многу подобри од сите претходни влади во историјата на независна Македонија, рече Димовски. 

Тој посочи дека од јули лани со јуни годинава во зоните реализирани се инвестиции повеќе од 190 милиони евра кои ќе креираат 2000 нови работни места, а договорени се и четири инвестиции во вредност над 90 милинои евра кои ќе креираат 900 нови работни места. 

Според месечните анализи што ги прави Дирекцијата, како што соопшти Димовски, нема драстично намалување во однос на бројот на вработени, нето платата и извозот и увозот во зоните. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Венецијанската комисија го одобри: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура
Следна Статија Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

С&П 500 иднините напредуваат, јапонските обврзници се опоравуваат: Преглед на пазарите

Јапонските обврзници се опоравија по продажба што одекна низ глобалните должнички пазари, додека иднините на американските акциски индекси пораснаа со

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

Денеска е последен ден од новогодишната кошничка, која од утре престанува да важи, а со тоа речиси 1,200 производи ќе…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?