Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1
ПОЛИТИКА

Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1

Објавено June 12, 2026 12:04
Сподели
Сподели

Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев најави дека компанијата следната недела ќе добие грант од Светската банка за изградба на гасната електрана РЕК „Битола 1“ за која планира да ги троши предвидените количини гас од терминалот во Александрополис.

– Во АД ЕСМ изминатиот период работиме со полна пареа на развој на проекти за изградба на комбинирани гасни електрани. Тоа е нашиот одговор на глобалните барања за енергетска трансформација и планот со кој постепено ќе го замениме јагленот. Можам да најавам дека веќе наредната недела компанијата ќе потпише грант со Светската банка во износ од 2,4 милиона долари. Овие средства се наменети директно за проектот за гасната електрана РЕК „Битола 1“, која ќе се гради во кругот на постојните термоелектрани „Битола“- нагласи Узунчев за МИА.

Посочи дека средствата од грантот ќе бидат целосно насочени кон комплетна и детална подготовка преку изработка на потребните студии, подготовка на проектот и подготовка на тендерската документација за изведба на изградбата на новата гасна електрана РЕК „Битола 1“.

– Штом заврши таа фаза, веднаш ќе распишеме јавен повик по строгите правила на Светската банка, со кој ќе се бара изведувач на изградбата – рече Узунчев и додаде дека проектот „РЕК Битола 1“ на гас предвидува инсталиран капацитет помеѓу 250 и 300 мегавати (MW), а целосната реализација на овој мегапроект се очекува да заврши до 2030/2031 година, што секако ќе зависи и од времетраењето на самите тендерски постапки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ајм фром Босниа, тејкми ту Америка“: Вечерва навиваме за БиХ
Следна Статија Moже ли да се излечиме со позитивни мисли?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ остана и без Струмица: Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје

Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје. -На овие избори…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?