Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Власта има обврска да сподели информации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Власта има обврска да сподели информации
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта има обврска да сподели информации

Објавено October 9, 2024 13:05
Сподели
Сподели

Покажуваме конструктивност по прашањето на продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал, не гледаме одговор од премиерот Христијан Мицкоски во таа насока, изјави денеска  лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи ги случувањата на процесот на евроинтеграциите на државата. 

„Нашата идеја и иницијатива за собраниска седница е поради тоа што Собранието е местото каде се носат таквите одлуки. Потоа, многу најави има премиерот за некаква поддршка од некои држави за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграциите. Но, сето тоа е некако обвиено со мисерија и не знаеме никакви детали“,рече тој.

Според него, премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред народните избраници во Собранието, а потоа и на граѓаните.

„Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко право, ниту етичко, туку напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави дека наводно има некаква поддршка да се донесат некакви уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека вооопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за тоа. Тие конфузни изјави во Владата што оставаат впечаток дека владее беспреспективност, мора да се расчистат во Собранието“,вели Филипче.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче минатата недела упати барање до премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена собраниска седница на која ќе го презентира планот за следните чекори за евроинтегративниот процес, а премиерот Христијан Мицкоски одговори  дека кога ќе има нови детали или барем некој напредок во односот со Бугарија, ќе ја информира опозицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници
Следна Статија Работи што можеби не ги знаете за Нобеловата награда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, рече на денешната…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија…

October 22, 2024
ПОЛИТИКА

Собраниското обезбедување спречило инцидент помеѓу Апасиев и Ристески

Изразената нетрпеливост помеѓу двајцата пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ - Димитар Апасиев и Петар Ристески денеска повторно дошла до израз…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово

Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово на „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, негира дека имало средба…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?