Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна

Објавено August 23, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Фер конкурентност на економијата преку откривање царински измами со храна, зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија преку усогласување на смените на двете институции. Ова се конкретните резултати од мерките на институциите, а коишто беа дефинирани од директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.
На денешниот состанок директорите истакнаа дека дефинираните мерки веќе имаат видливи резултати кои се препознаени од страна на бизнис заедницата и граѓаните.

Увозите на храна каде се сомневавме дека неправилно ја распоредуваат стоката ги ставивме на критериум на ризик, при што откривме повеќе случаи на царински измами каде увозите се распоредувале во тарифни ознаки со пониски царински стапки со цел избегнување плаќање давачки. Поднесени се кривични пријави за царинска измама и остварена е дополнителна наплата на приходи по овој основ. Преку координиран пристап со АХВ овозможуваме уште пожестока борба со ваквите кривични дела“, истакна Николовски.

На состанокот се договорени и нови мерки се со цел дополнително олеснување на трговијата, на коишто двете институции ќе работат во следниот период.
Во изминатиот период беа извршени и обуки за контрола на увозите и извозите на храна како и контрола на внес и изнес на миленици, приспособени на реални сценарија, со цел истите да бидат ефикасни. По овој повод директорот Миланов, на директорот Николовски, му врачи сертификат за успешно реализирани обуки.
Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем
Следна Статија Митески: Наследивме општина која беше во хаос, сега се градат основни училишта, детска градинка, како и спортски сали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП…

June 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања…

March 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонија-земја со најниски плати и најевтина работна сила, 73,3% од работниците земаат плата под просечната

Македонските работници и натаму остануваат најниско платени во регионот, предупредуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), барајќи итно зголемување…

October 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?