Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари

Објавено July 20, 2026 20:06
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ значително се зголемуваат цените на нафтените деривати. Во просек, малопродажните цени ќе бидат повисоки за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од 21 јули ќе се продава по 94 денари за литар.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по три денари. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 90 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 92 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за седум денари и ќе изнесува 93 денари за литар.

Новата цена на мазутот М-1 НС ќе биде 45,373 денари за килограм, што претставува зголемување од 3,205 денари.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, бензините поскапеле за 9,003 проценти, дизелот за 14,963 проценти, екстра лесното масло за 13,200 проценти, а мазутот за 10,686 проценти. Во пресметката е земена предвид и Одлуката на Владата за намалени акцизи – за еден денар по литар кај бензините и за два денари по литар кај дизелот.

Новите максимални малопродажни цени ќе важат од 21 јули 2026 година во 00:01 часот:

* ЕУРОСУПЕР БС-95 – 90 денари/литар
* ЕУРОСУПЕР БС-98 – 92 денари/литар
* ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94 денари/литар
* Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 93 денари/литар
* Мазут М-1 НС – 45,373 денари/килограм

РКЕ потсетува дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
Следна Статија Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6%…

July 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати се зголемуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Меѓународни компании се повлекуваат од соработка со ICE поради етички причини

Францускиот мултинационален гигант Capgemini веднаш се дистанцира од ICE по критики од француските службени лица

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?