Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски-Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николовски-Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот
МАКЕДОНИЈА

Николовски-Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Објавено March 8, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните. Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа. Ова беше клучната порака од посетата на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер.

„Моето присуство овде е да Ви се заблагодарам и да Ви честитам за резултатите во изминатите осум месеци кои се воодушевувачки. Благодарност до царинските службеници кои се на границите и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Истовремено, поголемата наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, пријатели и тука ќе бидеме за вас“, истакна амбасадорката Агелер на средбата со директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот одржана во рамки на посетата на Царинската управа.

Директорот Николовски изрази особена благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведување на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа.

„Само во втората половина од 2024 година наплатени се една милијарда евра, или близу 65 милиони евра повеќе од истиот период претходната година. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од минатата година. Во однос на реализираните заплени, во цела 2024 година евидентирани се вкупно 410 случаи при што 305 случаи на заплени се евидентирани во втората половина од годината. До ОЈО во 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, од кои 69 кривични пријави се поднесени во втората половина од годината. Со засилено темпо работиме и годинава, при што се остварени 74 случаи на заплени, а преку Секторот за контрола и истраги поднесени се 35 кривични пријави за 69 физички лица и 16 правни лица до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, истакна директорот Николовски, особено осврнувајќи се на случаите каде е откриен и спречен сериозен криминал.

Притоа Николовски ја потенцира важноста од продлабочување на досегашната соработка се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и сузбивање на транснационалниот криминал и корупцијата.

Директорот на состанокот остварен во рамки на денешната посета информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа се координира и комуницира со службите на Армијата сѐ со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила што на Армијата ѝ се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО.

Во рамки на посетата амбасадорката и тимот го посетија и Дежурниот Оперативен Центар при Царинската управа каде беше презентиран системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарските таблички, како и центарот за обуки со помош на виртуелна дигитална напредна технологија.

Воедно беше презентирана и опремата донирана од САД која ја користат царинските мобилни тимови од Одделението за оперативни работи за откривање на обиди за шверц, а беа извршени и презентации каде царински кучиња од К9 единицата ги демонстрираа вештините во откривање на оружје, дрога и пари. Амбасадорката упати честитки до царинските службеници, инспекторите во царинските мобилни тимови, и до инспекторите при Секторот за контрола и истраги во нивните особени напори во спречување на секој обид за криминал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проф. д-р Данева Маркова: Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо
Следна Статија Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Собранието денеска одлучува за старт на системот „Сејф Сити“

Процесот за воведување на системот „Сејф Сити“ влегува во завршна фаза. Собранието денеска ќе одлучува за измените во Законот за…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско (ВИДЕО)

„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Љутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?