Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон
ЕКОНОМИЈА

Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон

Објавено May 15, 2026 14:03
Сподели
Сподели

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа го прифаќа ограничувањето на рекламирањето, но остро се противи на предлогот објектите за игри на среќа да бидат најмалку 500 метри оддалечени од училиштата.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа — АПИС, излезе со писмен став за новиот Предлог-закон за игри на среќа, во кој нагласува дека заштитата на младите од можната зависност од коцкање е нивен приоритет, но предупредува дека дел од предложените решенија може да имаат сериозни економски и правни последици.

Од АПИС велат дека нивните членки водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“. Во тој контекст, за нив се прифатливи одредбите со кои се предвидува минимизирање на светлечките реклами на објектите и забрана за рекламирање промотивни содржини од 6 до 22 часот.

Но, Асоцијацијата остро се противи на повторното воведување дистанца од 500 метри меѓу објектите за игри на среќа и училиштата. Според нив, ова решение е дискриминаторско, уставно спорно и практично неизводливо без затворање на голем дел од легалните објекти.

„Дистанцата на одреден бизнис е дискриминаторска и уставно-спорна одредба. Со темелните вредности на македонскиот Устав се предвидува слобода на пазарот и претприемништвото“, наведуваат од АПИС.

Од Асоцијацијата тврдат дека мерката во пракса би значела затворање на легалните објекти за игри на среќа, особено во општини каде училиштата се густо распоредени. Како пример ја посочуваат изјавата на градоначалникот на Чаир, според која во таа општина, поради близината на училиштата, можеби не би останал ниту еден објект за игри на среќа.

АПИС смета дека предложената дистанца не е доследна мерка за заштита на младите, бидејќи државата истовремено го задржува правото да организира интернет игри на среќа. Според нив, младите преку мобилни уреди можат да пристапуваат до онлајн содржини од која било локација, па физичката оддалеченост на објектите нема рационален ефект.

„Дистанцата не само што не е решение, туку ќе создаде хаос во општеството“, предупредуваат од АПИС.

Од таму наведуваат дека затворањето на легалните објекти би можело да поттикне нелегални игри на среќа, како што, според нив, се случило во Албанија. Тврдат дека тоа би значело загуба на најмалку 350 милиони евра годишен прилив во државниот буџет, како и ризик за околу 10.000 директни работни места и десетици илјади други работни места што индиректно зависат од секторот.

АПИС бара Собранието да организира јавна расправа пред продолжување на постапката за носење на законот.

„Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката за носење на овој Предлог-закон за игри на среќа ќе биде штетен преседан кој ќе предизвика тешки правно-финансиски последици“, велат од Асоцијацијата.

Од АПИС додаваат дека приредувачите на игри на среќа имаат право нивниот глас да биде слушнат и дека нема да дозволат, како што наведуваат, од дневнополитички причини да се разгради актуелниот систем, кој според нив е еден од најстрого регулираните во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Поврзувањето на системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања
Следна Статија Преку фотографии и портрет оживеан споменот за Борис Трајковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените

Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025

Направете го вашиот стар компјутер како нов со Windows 11 Pro

Надградете го вашето дигитално искуство по невероватна цена

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?