Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица
ХРОНИКА

Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица

Објавено September 26, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева.

Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.

Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на транспарентност, професионалност, отчетност и одговорност и во тој контекст ќе продолжи со унапредување на процедурите и отстранување на системските недостатоци за поголема ефикасност на полицијата во заштитата на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во црквата Свети Спас не се сите коски од Гоце Делчев!
Следна Статија Екс-Градоначалник со милионски суми како адвокат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Во Скопје денеска се спроведува координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) под раководство на Основното јавно обвинителство за…

October 22, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје

Сообраќајна несреќа се случи  на влезот на Скопје кај бензинската пумпа ЛУКОИЛ. Според фотографиите на социјалните мрежи, автомобилот е свртен…

March 2, 2026
ХРОНИКА

(Видео) Кривична против началник во МВР: ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?