Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски
ХРОНИКА

Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

Објавено April 17, 2026 14:41
Сподели
Сподели

На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи, при што беа презентирани податоци и за неа и за Стојанче Јовановски.

Според неговото сведочење, кај Ивана Јовановска, освен повредите од падот од зграда во скопското Тафталиџе, биле утврдени и крвни подливи на брадата и вратот, кои потекнуваат од тап и тврд предмет. Дел од нив, како што наведе, се настанати десет дена пред смртта, а дел истиот ден или еден ден претходно. Во обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци во нејзиниот организам.

Во однос на Стојанче Јовановски, судско-медицинските анализи покажале присуство на кокаин и лекови за смирување. Како што рече вештакот, во урината е констатиран кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар, како и бензодиазепини во концентрација над 1000 нанограми на милилитар. Исто така биле утврдени дијазепам, нордијазепам и метаболит на кокаин.

Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство, во период додека биле во бракоразводна постапка, дека ѝ ја загрозил сигурноста и дека ѝ нанел телесни повреди при семејно насилство. Според обвинението, Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја починале на 2 март годинава по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс државниот правобранител Стафа призна вина: Oсуден на 1 година и 3 месеци затвор
Следна Статија Mожно да се укине ДДВ-то за храна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава за „силување дете кое не наполнило 15 години“, одреден му е притвор

На 04.04.2025 ОВР Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Мерки за претпазливост за тројцата насилници што го претепаа и избодеа 14-годишникот во Ченто

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје…

July 7, 2026
ХРОНИКА

Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица

Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење…

June 3, 2025
ХРОНИКА

Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?