Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори
МАКЕДОНИЈА

ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

Објавено August 11, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и јавноста на законските ограничувања за користење и располагање со буџетски средства во периодот пред престојните локални избори.

Според соопштението од ДКСК, од денот на распишување на изборите, па до нивното завршување и конституирањето на општинските совети и Советот на Град Скопје, важат повеќе забрани.

Меѓу нив е забраната за започнување нови инвестиции во инфраструктурни и објекти за општествени дејности, освен ако средствата се предвидени во буџетот и програмата за тековната година. Во овој период не е дозволено вршење вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош и други надоместоци што не се редовни месечни исплати, како и започнување постапки за нови вработувања или отпуштања, освен во итни и неодложни случаи.

Како што се наведува, забрането е и користење пари од анонимни или незаконски извори за финансирање на кампањата, како и користење државен или општински имот и средства за политички цели.

Законската рамка предвидува и забрана за поткуп на гласачи, како и за вршење притисок или заплашување врз нив. Од дваесет дена пред почетокот на кампањата, забрането е одржување јавни настани за започнување или пуштање во употреба на објекти финансирани со јавни средства.

Исто така, не смее да се користи канцелариски простор и службени возила на државни органи, освен за службеници со посебни прописи за заштита на личноста, а јавните институции се должни да достават податоци за моторните возила со кои располагаат.

Министерството за финансии, во овој период, е обврзано јавно да ги објавува сите буџетски исплати, освен редовните, и да поднесе предизборен финансиски извештај со преглед на приходите и расходите од почетокот на фискалната година до денот на извештајот.

ДКСК најави дека ќе го следи целокупниот изборен процес и ќе реагира при сомневања за прекршување на законот, за што ќе ги известува надлежните органи.

Во соопштението од ДКСК, е наведено дека комисијата ја охрабрува јавноста, медиумите и здруженијата навремено да пријавуваат евентуални прекршувања на забраните утврдени во Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
Следна Статија Ана и Бастијан официјално се разведени: Тенисерката останува во вилата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија, што претставува…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Страшно невреме во Скопје: Хаос на улиците, паднати кровови, скршени дрвја

- Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?