Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
ХРОНИКА

Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово

Објавено August 11, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица, меѓу кои и малолетно девојче, се повредени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претрес на повеќе локации во тетовското село Гајре биле пронајдени предмети од интерес на истрагата.

„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“,додаваат од МВР.

Вчера околу 12 часот напладне во Тетово се случи вооружена престрелка во која едно лице го загуби животот, а четири лица, меѓу кои и малолетно девојче, беа повредени. Пукањето се одвивало меѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна несреќа. Возилата потоа го напуштиле местото на инцидентот.

По вчерашниот инцидент, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово и порача дека полицијата ги ставила во функција сите потребни служби со цел да бидат пронајдени сите инволвирани во вчерашниот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
Следна Статија ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак: „Единец на мајка, прости ни сине не можевме да те сочуваме“

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви

Сум слушнал за Палчо, но како за Упа. Лично го немам видено. Не знаев ни како изгледа, се изјасни на…

April 11, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

На 22.01.2026 во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје…

January 23, 2026
ХРОНИКА

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?