Државната комисија за спречување на корупцијата има кредибилитет да ја продолжи својата работа. Така велат од Антикорупциската комисија на едно од трите прашања кои „360 степени“ вчера ги испрати до институцијата. Повод за прашањата, пак, беше одлуката на обвинителството да поднесе обвинение против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.
Подетално, интегралниот одговор на нашето прашање „Дали по поднесувањето на обвинението Државната комисија за спречување на комисијата смета дека има морален легитимитет и кредибилитет да продолжи да работи во овој состав, без разлика дали претседателката Татјана Димитровска ќе поднесе или нема да поднесе оставка?“, е:
Ве известуваме дека Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството. Одговорноста е индивидуална, поради што Комисијата поседува кредибилитет и продолжува со своето работењеодговорија од ДКСК.
Целиот текст на 360 степени