Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“
СВЕТ

Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“

Објавено July 19, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, предупредувајќи дека Украина нема предност ниту во човечка сила, ниту во оружје во конфликт со нуклеарна суперсила.

-Помислата дека Украина може да ја победи Русија и да предизвика нејзина дестабилизација отсекогаш била заблуда напиша Орбан на платформата „X“.

Унгарскиот премиер нагласи дека конфликтот продолжува без никаква перспектива за воена победа за Киев, со оглед на нерамнотежата на моќта.

Во исто време, американските медиуми објавија денеска дека НАТО не е во можност да спречи потенцијален пораз за Украина, дури и ако сојузниците преземат целосна логистичка поддршка во испораката на оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека Вашингтон и Брисел постигнале договор за испорака на американско оружје на Украина, при што трошоците ќе ги сноси Европската Унија. Според извештаите на медиумите, идните пратки ќе вклучуваат системи за воздушна одбрана „Патриот“, а не само ракети.

Според истите извори, САД вршат притисок врз Германија да ја удвои набавката на овие системи, и покрај претходните договори. Во исто време, Франција, Италија, Чешка и Унгарија одбија да учествуваат во оваа иницијатива.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“
Следна Статија ДКСК: Татјана Димитровска сама да каже дали ќе даде оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Скандал: Италијански компании обезбедувале делови со лош квалитет за Боинг 787

Италијанските власти открија голема измама во воздушната индустрија, откако фатија двајца мажи како фрлаат хемиски отпад во канализациониот систем во…

March 14, 2025
СВЕТ

Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“…

April 3, 2025
СВЕТ

Трамп го предупредува Иран дека „времето истекува“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „времето истекува“ за преговори за договор за нуклеарната програма…

January 28, 2026
СВЕТ

ЕУ направи катастрофална грешка со мигрантите кажа Трамп на средбата со Орбан

Европската Унија направи катастрофални грешки со мигрантите, унгарскиот претседател Виктор Орбан не направи грешка и тој е почитуван од сите,…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?