Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“
СВЕТ

Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“

Објавено July 19, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, предупредувајќи дека Украина нема предност ниту во човечка сила, ниту во оружје во конфликт со нуклеарна суперсила.

-Помислата дека Украина може да ја победи Русија и да предизвика нејзина дестабилизација отсекогаш била заблуда напиша Орбан на платформата „X“.

Унгарскиот премиер нагласи дека конфликтот продолжува без никаква перспектива за воена победа за Киев, со оглед на нерамнотежата на моќта.

Во исто време, американските медиуми објавија денеска дека НАТО не е во можност да спречи потенцијален пораз за Украина, дури и ако сојузниците преземат целосна логистичка поддршка во испораката на оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека Вашингтон и Брисел постигнале договор за испорака на американско оружје на Украина, при што трошоците ќе ги сноси Европската Унија. Според извештаите на медиумите, идните пратки ќе вклучуваат системи за воздушна одбрана „Патриот“, а не само ракети.

Според истите извори, САД вршат притисок врз Германија да ја удвои набавката на овие системи, и покрај претходните договори. Во исто време, Франција, Италија, Чешка и Унгарија одбија да учествуваат во оваа иницијатива.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест лица и едно дете завршија на Токсикологија по пожар во стан во Центар
Следна Статија Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни

Земјотресот на Камчатка покажа дека овој регион беше подготвен за потрес, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој додаде…

July 30, 2025
СВЕТ

Ердоган: Нетанјаху се соочува со судбината на Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелскиот напад врз преговарачкиот тим на Хамас во…

September 16, 2025
СВЕТ

САД може да останат без кинески божиќни украси поради новите царини

Кинеските производители на пластични божиќни елки и други празнични украси се соочуваат со сериозен пад на нарачките од САД, кои…

April 9, 2025
СВЕТ

Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател

Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка за претседател на САД, во споредба со пред десетина дена, кога кандидатот на…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?