Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДНК анализата потврди: Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ДНК анализата потврди: Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја
БАЛКАН

ДНК анализата потврди: Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја

Објавено May 26, 2026 20:50
Сподели
Сподели

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1.

Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за А. Н., чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година.

Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 мај 2026 година во ресторанот „27“ и други кривични дела поврзани со истото, Вишото јавно обвинителство во Белград спроведува обемна истрага против 11 лица, беше објавено.

Телото е пронајдено на 21 мај во буре на територијата на општина Инџија, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство.

Нешовиќ, познат како Баја кој имал сериозно криминално портфолио, наводно бил убиен во ресторанот „27“ во Сењак. Сомнежите се дека бил застрелан од Саша Вуковиќ, познат како Бошке, во присуство на поранешниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ, кој заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување учествувал во отстранувањето на трагите од злосторството.

Притвор е одреден за 11 луѓе, меѓу кои и за поранешниот началник на полицијата Веселин Милиќ. Милиќ е обвинет за кривични дела непријавување кривично дело и помагање на сторителот по извршувањето на злосторството – со цел прикривање на тежок обид за убиство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје
Следна Статија Загина моторџија во сообраќајна несреќа на патот Штип–Делчево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Родителите на Коста Кецмановиќ: Сам решил да го изврши злосторството, ние не влијаевме ниту знаевме

Родителите на Коста Кецмановиќ нагласија дека не се виновни за делото што го извршил нивниот малолетен син, и дека не…

January 13, 2025
БАЛКАН

Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра

Хрватскиот Сабор денеска го донесе Законот за вонредни мерки за контрола на цените, кој со објавување на цените на интернет…

February 21, 2025
БАЛКАН

Ќе се отворат 12.000 работни места и Драч ќе стане „втор Дубаи“

Во соседна Албанија ќе се отворат 12.000 работни места. За 2 милијарди долари, Албанија во Драч прави „втор Дубаи“. Инвеститорот…

April 20, 2025
БАЛКАН

Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

Поранешниот амбасадор на САД во Белград, Вилијам Монтгомери, предупредува дека Балканот „станува потенцијално насилен и нестабилен“, со жаришта што може…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?