Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки

Објавено July 18, 2025 17:39
Сподели
Sun and clouds
Сподели

Министерството за здравство потсетува да се почитуваат општите препораки за заштита на населението од високи температури по најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дека во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.

Општите препораки за заштита на населението од високи температури се:

– Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

– Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и за очи.

– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

– Посветете внимание на децата, старите лица, лицата со хронични заболувања и на бремените жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

– Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

– Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

– Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството додава дека внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предметот за пожарот во „Пулс“ префрлен во надлежност на ОЈО Скопје
Следна Статија Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ченто и порача на Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?